Нудиме ортопедски прегледи и консултации, ултразвучни прегледи, аплицирање на интраартикуларни, интрамускулни и мекоткивни инјекции и блокади без и под контрола на ултразвук и ПРП третмани.
Следење и насочување на правилниот раст и развој кај децата и бебињата. Следење на развојот на колковите и коскеното созревање кај бебињата со помош на ултразвук.
Клинички преглед, консултации и дијагностицирање на различни состојби коишто настанале заради претходна повреда или без истата и ги засегаат вашите зглобови и мускули.
Преглед со помош на ултразвук кај бебињата за следење на развојот на нивните колкови како и прегледи кај состојби коишто ги засегаат меките ткива кај возрасни пациенти.
ПРП третмани, најновиот додаток во нашиот репертоар, или Platelet Rich Plasma коишто моментално се актуелни кај спортистите за лекување на различни состојби коишто ги засегаат зглобовите или повреди на мускули и тетиви. Интраартикуларни или мекоткивни апликации на инјекции со или без контрола на ултразвук.
12:00 - 20:00
08:00 - 16:00
— Горан Видоевски
Христо Смирненски 4/2
Скопје
contact@pzuortomedika.com.mk
02/3214076, 070235138